Oхрид со свои навивачи доаѓа во Бутел

ГРК Охрид е клубот кој најмногу се засили во првесрет на Плејоф сезоната и на хартија го вметнуваме меѓу екипите кои би можеле да победат секого во првенството, особено кога ќе играат на домашен терен. 
Плејоф првенството го почнуваат на гости, ќе играат со Бутел Скопје, а потоа дома ќе го организираат третото езерско дерби сезонава. 

Натпреварот со Бутел Скопје е закажан во непопуларен термин, во сабота во 18:00 часот истовремено со големото дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 што ќе се игра во Битола. 

Охриѓани за овој натпревар најавија и гостување на нивната навивачка група „Рибари“. 

„Нè очекува првиот натпревар во плеј-офот, против Бутел во Скопје. Сите знаеме дека во овој дел од сезоната нема лесен противник и треба да бидеме максимално концентрирани и посветени на тоа што го работиме за на крај ние да бидеме екипата што ќе се радува“, изјави Милорад Кукоски, еден од најискусните ракометари во тимот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk