Се разделија Ловќен и Милошевиќ

Бурна беше соработката на Перо Милошевиќ и црногорскиот клуб Ловќен. Клубот своите зголемени амбиции ги претвори во ангажман на неколку ракометари меѓу кои и Вуко Борозан и нов тренер - Перо Милошевиќ. 
Двата карактера не кликнаа во клубот, па дојде до кавга по која Борозан замина, а сега заминува и Милошевиќ. 

Ова беше неговиот трет мандата во Ловќен и траеше шест месеци. Во овој период Ловќен играше во ЕХФ Европската лига, но не успеа да освои бод во конкуренција со Флензбург, Кадетен и Елверум. 

Филип Поповиќ, неговиот асистент ќе ја преземе екипата за продолќението на сезоната во која во домашното првенство клубот е доминантен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk