Раул е можен селектор на Хрватска?

Хрватска одигра два вонсериски и неколку (под)просечни натпревари на ЕП 2024 и на крајот заврши на 11 место. Тоа за нив со оглед на резултатите од минатото е неуспех, иако и таму се променија генерациите, а новите ѕвезди уште не седнале во седлото на некогашните каубои.

Селекторот е секогаш прв за отстрел, особено ако се работи за селектор како Горан Перковац во случајов кој кога беше од другата страна „стрелаше“ без милост кон неговите претходници, кои, ете имаа и подобри резултати и игра од него. 

Тешко е да се очекува дека ХРС ќе му остави нему да ја крои натамошната стратегија и играчки да ја составува репрезентацијата. Близината на квалификациите за Олимписките игри ја зголемува нервозата и така ќе биде со секој одминат ден.

Ненад Шоштариќ одеднаш стана најбараниот тренер, но тој ја одбил понудата. Тој е на залез на кариерата и повеќе е историја отколку што е иднина на хрватскиот ракомет. 
Имајќи предвид колку често се вртеа и ротираа и селектори и тренери на Загреб (две поврзани работи), речиси и да не остана кандидат кој не доби шанса, па сега одново се размислува и за странец. Така барем велат хрватски медиуми како „24 сата“ кои од дома ја следат ситуацијата во репрезентацијата. 

Хавиер Пасквал, познатиот шпански тренер кој на двапати не се прослави на клупата на Романија е едно од имињата кои звучат привлечно, а второто е: Ел команданте - Раул Гонзалез. 
Тој минатото лето беше на излезна врата од Париз, но одново добро му се склопија коцките и остана на чело на најбогатиот ракометен клуб. 
Сега се споменува и како кандидат за клупата на Хрватска. 
Разрската, ќе биде наскоро затоа што нервозата со секоја изминат ден ќе станува поголема. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk