Репрезентативниот јануари заврши, на големата ракометна сцена во Македонија се враќаат клубовите и тоа во најинтересниот дел од шампионатот, Плјеоф битката и дуелите од завршницата во Купот.
Македонските суперлигаши битката во Плејоф слдствено и Плејаут, ќе ја почнат викендов, а почетокот ќе биде своевиден спектакл затоа што во Битола гостува Вардар 1961.
Двата тима се со изменети состави. Битолчани во зимската пауза се разделија со неколку странски ракометари, а Вардар голем хендикеп доживеа со повредата на нивниот најкорисен играч во првиот дел, Јапонецот Косуке Јашихура.
Новиот однос на силите ќе го видиме во сабота (10 февруари) во 18:00 часот. Билетите во продажба ќе бидат пуштени денеска од 12:00 часот.
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека од понеделник (5 февруари 2024 година) во 12:00 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло на плеј-офот на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Натпреварот ќе се одигра в сабота (10 февруари 2024 година) во 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
- Поединечните билети по цена од 200 денари (странични места на трибините) и 250 денари (централни места на трибините) ќе се продаваат во DIMPO Тобако и преку интернет продажба