Столе и Аморим во новиот бран тренери

Новиот бран тренери ја комплетираше првата фаза од задолжителното тренерско образование што ја организира Здружението на ракометните тренери на Македонија (ЗРТ),  дел од РИНК Ковенцијата во која меѓусебно се признаваат тренерските стандарди и сертификати на повеќе од 40 земји. 

Три модули, секој составен од по два дела се дел од ова формално образование за добивање на тренерска лиценца. Два комплетирани модули се доволни за тренерот да може да води екипа во младинска конкуренција. Сите три мора да бидат комплетирани за сениорски тим.  

Во последниот бран на тренери имаме интересени ликови кои веќе имаат искуство. Стојанче Стоилов, Едуарда Аморим, Елена Златановска (Муратовска), Ленче Илкова се дел од „екипата“ што го комплетираше својот прв модул. 
Вториот модул ќе биде закажан веројатно на почетокот на следната сезона. 
По комплетирање на сите модули, тренерот ќе може да аплицира за ЕХФ Мастер Коуч лиценца. 


фото: ЗРТ

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk