Не му треба одмор: Питлик го разби Хамбург

Пет дена по настапот во финалето на Европското првенство на кое одиграа осум натпревари за две недели, репрезентативецот на Данска, Симон Питлик одигра маестрална партија во дресот на Флензбург. 
Во 1/4 финалето на Германскиот Куп, Флензбург го совлада и елиминираше тимот на Хамбург со победа од 35-22, а Симон Питлик постигна девет гола од игра со реализација од 86%. 

На Фајнал фор турнирот покрај Флензбург се пласираше и Мелзунген, а денека ќе бидат познати и другите двајца учесници.
Од 16:30 часот, играат Берлин и Гумерзбах, односно екипите на Магдебург и Рајн Некар Ловен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk