Норвешка се жали во ИХФ, против С. Арабија

Крајниот рок за аплицирање за добивање на организација на Светското првенство во 2029 или тоа во 2031 истече во јуни минатата година.
Норвешка, во коалиција со Исланд и Данска е еден од кандидатите. 
Но, според нивните извори, еден од кандидатите за СП е и Саудиска Арабија.

Имајќи предвид дека шампионатот во организациски дел што беше одржан во Катар во 2015 е далеку над сите мундијали одржани досега и дека С. Арабија се единствени кои имаат (финансиски) капацитет да го стигнат дури и да го надминат тој мундијал, поприлично е изразена фаворитската улога на С. Арабија за добивање на организацијата.

Сега Норвешка тргнува во поинаква офанзива. Бара од ИХФ да се формира независно тело што ќе следи дали во Саудиска Арабија се прекршуваат човековите права, а тоа да е поврзано со мундијалот. 

ИХФ одлуката за доделување на организацијата на СП 2029 и 2031 ќе ја донесе во април. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk