Шок за Сегед во домашното првенство

Отсуството на голем број на играчи поради ЕП си зема свој данок по клубовите кои имаат поголем број на репрезентативци. Во ПИК Сегед, пак, каде што следната сезона ќе се смени и тренерскиот тим и повеќе од пола екипа, уште повеќе до израз дојдоа и ќе доаѓаат моменти кога екипата нема да биде „своја“. 

Вечерва шок за навивачите на ПИК Сегед приредија ракометарите на Ѓунѓеш, екипа која во моментов е на средина на табелата, на седмото место.
Ѓунѓеш го совлада ПИК Сегед 35-33 и практично ги разреши дилемите околку предноста на домашен терен во плејоф завршницата за шампионската во која ќе играат Веспрем и ПИК Сегед. 
Сегед има среќа што третопласираната Татабања имаше два големи „кикса“ во декември, инаку шампионатот можеше да стане многу поинтересен по денешното фијаско во Ѓунѓеш. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk