Келце крева раце од Унгарецот

Унгарскиот десен бек Доминик Мате имаше обезбеден трансфер од ПСЖ во Келце. Тој задоволен, Душебаев задоволен, Полјаците задоволни, се чекаше крајот на сезоната за да ја почнат соработката. 
Но, дојде ЕП 2024, Доминик Мате имаше одлични партии, но се повреди.
Настрада предниот вкрстен лигамент. Сезоната за него е завршена, почетокот на новата, таа што требаше да стртува во Келце сега е неизвесна.
Полскиот клуб објави дека е постојан контакт со неговиот менаџер, но и дека бара алтернатива. Нив им треба здрав играч што ќе го одмори Алекс Душебаев и размислуваат да ја активираат клаузулата за раскин на договорот на Доминик Мате.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk