Сориндо ќе игра во Турција

Прославениот француски пивот Седрик Сориндо (39), освојувач на златни олимписки и светски медал со „експертите“ и играч кој 10 години го носеше дресот на Барселона, одбра помалку чуден пат за залез на својата кариера.
Во 2021 од Барса се пресели во Динамо Букурешт (во тој период постоеше дури и можност да дојде во македонскиот Металург), а сега веќе позираше и е најавен како големо и звучно засилување за турскиот тим Бешикташ

Оваа турска екипа доминираше до 2020, но во последните три првенства само еднаш стана првак. Прво ја загуби титулата од Спор Тото, а потоа и од Бејкоз. Во моментов е прв на таблата со 10 од 10 и само два бода предност пред Сакарија. Во обид да ја врати титулата во своите витрини, на помош ќе го има и францускиот ас. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk