И Келце го суспендираше Конку

Една пијана вечер по прославата на европското злато, може комплетно да ја уништи кариерата на талентираниот француски ракометар Беноа Конку.
Французинот во алкололизирана состојба наводно се обидел да силува 21 годишна девојка во дискотека во Париз. Тој наводно веќе ги соблекол пантолоните кога интервенирало обезбедувањето. 
Конку беше приведен, а потоа пуштен од притвор, но обвинение против него ќе има.

Денеска си заработи и суспензија од неговиот клуб, полскиот шампион Келце. Полјаците објавија дека Беноа Конку нема да биде дел од тимот сѐ додека не биде комплетно расчистен случајот во француската полиција. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk