ТРАНСФЕРИ: Сагосен, Џеронимо, Пизаро...

Норвешката ѕвезда Сандер Сагосен потпиша продолжување на договорот со екипата на Колстад и ќе остане верен на овој тим најмалку до јуни 2027 година. 

Неколку месеци по скандалот со „пренамената“ на парите од младите категории во Бенфика, назначен не нов тим менаџер. Поранешниот крилен играч, Педро Џеронимо е нов тим менаџер на екипата во која игра македонскиот репрезентативец Филип Талески. 

Веројатно најдобриот словачки ракометар во последната деценија, бекот Оливер Рабек го напушта Татран Прешов и ќе печали во екипата на Ал Куран од Кувајт.

Белорускиот тим Мешков Брест и покрај суспензијата изречена од ЕХФ одржува прилично силен тим. Нивно ниво засилување и воопшто прв африкански играч во тимот е десниот бек на Египет, Јусуф Ахмед. Овој ракометар беше кадетски репрезентативец на Египет на СП 2019 во Македонија на кое Египет стана светски првак. 

Аргентинскиот ас Федерико Пизаро ја напушта шпанската екипа Куенка и ќе продолжи на Блискиот исток во екипата на Ал Фахил од Кувајт. 
Уште еден Аргентинец, Педро Мартинез Ками, директно од Аргентина заминува за Катар, во екипата на Ал Араби. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk