Хајневетер направи трансфер

Поранешниот репрезентативен голман на Германија, Силвио Хајневетер, денска објави дека потпишал двегодишен договор со екипата на Ајзенах, екипа во моментот на 17 место.
Договорот би бил важечки дури и ако Ајзенах испадне од првата Бундеслига. 

Зад одлуката на Хајневетер да потпише токму за овој клуб, стои логично објаснување. Хајневетер има 39 години, а Ајзенах е клубот од каде што потекнува и ова претставува враќање во гнездото и најава за крај на кариерата.

Штутграт, екипата каде што во моментов игра Хајневетер, пак доби два удара во ист ден. Првиот е заминувањето на голманот, вториот е губењето на главниот спонзор на дресот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk