Со 94 гола ги откажаа од ракомет

Разликата во квалитет, особено во помладите категории може да биде сурова, однесувањето на родителите, уште посурово.
Следната приказна доаѓа од Германија, од градчето односно екипата на Арнстад. Клубот има околу 150 членови, од нив 100 се деца. И клубот решил да се натпреварува во јуниорска конкуренција. 
Нивната екипа составена од почетници, не се снашла на сцената. Некои екипи имале милост кон нив (тимот на Гера на пример им играл со играч помалку и ги совладал со 48-9. Но, екипата на Јена немала милост. Тој натпревар завршил со резултат 94-17!
Не само поразот, туку однесувањето на гледачите, претежно родители на децата од Јена биле тажни за гледање Гледачите им се потсмевале, ги исвиркувале и отворено ги навредувале дечињата од Арнстад. 
По ова клубот имал состанок и за да ги заштити децата од понатамошни слични сцени решиле да се повлечат од натпреварувањето. Одиграле вкупно пет натпревари.
Германскиот весник „Билд“ судбината на клубот Арнстад ја нарече најтажната ракометна приказна во Германија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk