Динамо потпиша со Андре Гомеш

Екипата на Динамо Букурешт по двата пораза од Берлин во Главната рунда, сериозно засилена ги чека дуелите  со Спортинг и Констанца во обид да стигна до 1/4 финалето на ЕХФ Европската лига.
Ново име во таборот на Хавиер Пасквал е португалскиот лев бек Андре Гомеш. 

Некогашната ѕвезда на Мелзунген и Порто, на почетокот на сезоната замина за Ал Сафа во Саудиска Арабија. Не се прослави таму, а поради повреда го пропушти и ЕП 2024.
Но, Динамо Букурешт има пари, а му недостасуваат ѕвезди, иако на позицијата лев бек каде што ќе игра и Гомеш веќе ги има Али Зеин, Анте Кудуз, Дан Емил Ракотеа и Роберт Милитару. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk