Нова ждрепка за Македонија во март

Европското првенство во Германија заврши, на ред е Европското првенство што во 2026 година ќе се игра во Шведска, Данска и Норвешка. 
Триото скандинавски домаќини, заедно со актуелниот европски шампион Франција се директно пласирани на ЕП 2026. Другите репрезентации ќе играат квалификации. Меѓу нив и Македонија. 

Ждрепката за квалификациите за ЕП 2026 ќе се одржи на 21 март во Копенхаген, потврди денеска ЕХФ. 

Во таа ждрепка ќе има 32 екипи што ќе се натпреваруваат за 20 места на ЕП 2026. Меѓу нив се 20-те репрезентации што учествуваа на тековното ЕП и уште 12 што во квалификациите ќе дојдат по претходно минати елиминации. 
Потоа 32 репрезентации ќе бидат поделени во четири шешири со по осум екипи. Место во овие шешири се обезбедува според националниот ранкинг и Македонија би требало да биде во вториот шешир. 

Потоа со ждрепка, (21 март 2024), репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи со по четири екипи. Ќе играат „раунд робин систем“, (секој со секого, дома и на гости), по што двете провопласирани од секоја група ќе обезбедат пласман на ЕП 2026. 
Од осумте третопласирани, четирите најдобри (се гледаат само резултатите со првите две во групата) исто така ќе се пласираат на ЕП. 
За 12 репрезентации, ЕП завршува со крајот на квалификациите. 

Квалификациските натпревари почнуваат во октомври 2024, завршуваат во април 2025. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk