ЧСМ Букурешт веќе не е најбогат во Романија!

Женскиот клуб ЧСМ Букурешт со буџет од 3.6 милиони евра годишно беше најскапиот женски ракометен клуб во Романија. Зад него со буџет од 2.8 милиони евра беше уште еден клуб од престолнината - Рапид. 

Сметките се средуваат јануарски во Романија, па така според распределбата на парите што ја анализираше романскиот медиум Проспорт, во 2024 клуб со најголем буџет нема да биде ЧСМ Букурешт, туку Глорија Бистрица. 
Овој колектив, ќе располага со над 4 милиони евра буџет. Најголем дел се пари од јавниот сектор, но дел се спонзорски договори. 

Тренер на оваа екипа во моментов е познатиот романски стручњак Флорентин Пера, а во играчкиот кадар имаат квалитетни романски играчи (Базалиу, Ласло, Думанска), па ракометарки од Бразил, Франција, Јапонија, Шпанија.., 
Во секој случај, откако ќе биде официјализиран буџетот, Флорентин Пера ќе може да купува ракометарки и од највисоките полици на рафтот за да оправда и да се бори за шампионскиот пехар. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk