Алкалоид го преслуша Нексе

РК АЛКАЛОИД - РК НЕКСЕ  29-27 (15-11)
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Џонов 4, Маркоски 2, Младеновиќ 1, Серафимов, Карасманакис 1, Стојковиќ 3, М. Митев 4, Ѓоргиев 4, Велковски 2, Омерагиќ, Бинго 2, Кофилоски 2, Савревски 5, Димовски
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 8 мин. 
РК НЕКСЕ: Кузмановиќ, Цар 1, Радовановиќ, Рачиќ 2, Бакиќ 2, Хромин 4, Весин 1, Сршен 4, Манци-Мичевиќ 3, Велкаврх, Безјак 2, Штрлек 2, Мославац 2, Цениќ 2
Седмерци: 6/8 Исклучувања: 6 мин. 

Македонскиот вицепрвак Алкалоид го одигра својот прв контролен натпревар во рамки на подготовките што клубот ги одработува во Стара Пазова. 
Алкалоид славеше победа од 29-27 (15-11) над Нексе и победнички стартуваше во новата година.
Вечерашниот натпревар беше израмнет во поголемиот дел од првото полувреме. Нексе диктираше резултат и водеше 4-3, 6-5, Алкалоид израмнуваше на 7-7, 8-8.. Последен пат нерешено беше на 10-10, по што Алкалоид со серија од 5-0 стигна до водство од 15-10. На полувреме се замина со резултат 15-11 за македонскиот тим. 
Во второто полувреме Алкалоид поведе и со 17-11, 18-12, го одржуваше водството од шест гола и при 20-14, 21-15. 
Нексе успеа да се приближи со три гола по ред и од 18-23 да намали на 21-23. Не влезе натпреварот во драматичен финиш, Алкалоид поведе до 26-22 и 28-24, пред Нексе да намали на два разлика што беше и конечен резултат. 
Давид Савревски со пет гола, Марко Митев и Игор Ѓоргиев со по четири и Иван Џонов и Марко Стојковиќ со по три гола беа најефикасните играчи во редовите на Алкалоид. 
Во тимот на Нексе, пак, Сршен и Хромин постигнаа по четири, а нивните најпознати играчи Безјак и Штрлек по два гола. 
Утре, Алкалоид и Нексе ќе одиграат уште еден контролен натпревар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk