Пасквал е сменет, Романија има нов селектор

На прес конференција на романската федерација на која присуствуваа досегашниот селектор Чави Пасквал и идниот селектор Георге Буричеа, денеска беше формализирана смената на селекторската позиција. 

Георге Буричеа, тренер на Констанца ќе ја води романската репрезентација во бараж квалификациите за СП 2025, а Пасквал, кој е тренер на Динамо Букурешт, нема комплетно да замине од репрезентативниот стручен штаб, туку останува во улога на советник. 

Романија во мајските бараж квалификации за СП 2025 ќе игра против репрезентацијата на Чешка. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk