Данска го одбра Хернинг за домаќин на СП 2025

Крајот на ЕП 2024, ждрепката за бараж натпреварите за СП 2025 го исфрлаат на површина следниот мундијал што ќе се одржи наредниот јануари во Хрватска, Данска и Норвешка. 

Данската федерација објави дека градот домаќин за СП 2025 ќе биде Хернинг. Тоа значи дека Копенхаген и тамошната Ројал Арена отпаѓа од комбинациите. Две групи од прелиминарниот дел и една од главната рунда ќе се играат во „Јуске Банк Боксен“ Арена во Хернинг. Натпреварите од 1/4 финалето ќе се играат во Хрватска и Норвешка, финалниот викенд ќе биде во Осло.
Така е според досегашниот план, а тој е подложен на промени. 
Другите шест групи од прелиминарниот дел ќе бидат организирани во Хрватска и Норвешка. Засега, нема верификуван податок како ќе бидат поделени. 

Данска ќе биде во едната група како тим од првиот шешир, а ќе има право да одбере репрезентација што ќе игра во другата група. Останатите места ќе бидат пополнети со ждрепка. 

Јуске Банк Боксен Арена не е непознат терени за Македонија, иако за најголем дел од сегашните репрезентативци може да биде прво искуство со таа сала.
Македонија играше во Хернинг на Европското првенство во 2014 година. Тогаш, а и сега проблем може да биде ограничениот број на сместувачки капацитети во градот, па голем дел од македонската експедиција беше сместен во соседниот Силкеборг. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk