Беноа Конку заврши во затвор со тешко обвинение

Беноа Конку (26), крилото на француската репрезентација, новокрунисаниот европски првак и ракометар на полскиот шампион Келце завршил во притвор во понеделникот вечерта.
Беноа Конку е обивинет од млада девојка за обид за силување. Дело што сакал/се обидел да го изврши во ноќен клуб во Париз, во дискотека која е во реон каде што има многу туристички атракции вклучувајќи ја и препозната улица Шанзелизе. 
Истата област, каде што пред две години неговиот соиграч Елохим Пранди беше избоден со нож неколкупати. 

Според пишувањето на „Valeurs“ медиумот што прв ја објави информацијата, Конку наводно веќе се соблекол и сакал да го изврши делото пред да биде спречен од обезбедувањето. 

Француската полиција потврди дека е во притвор, по обвинение на девојка родена 2003 година, за обид за силување, по „пијана вечер“. ноќта  во понеделникот.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk