И вториот обид на легендарниот тренер на Барселона, Чави Пасквал да направи „нешто“ со репрезентацијата на Романија заврши неславно.
Пасквал беше назначен за селектор во 2021, а под негово водство, Романија за волја на вистината по речиси три децениска пауза (28 години) се врати на Европско првенство. Но, настапот го заврши си три порази, а и не е многу светла иднина кога се работи за СП, затоа што на патот им стои Чешка.
Како и да е, неколку дена е хаотично во Романија, затоа што е најавена оставка на селекторот Чави Пасквал. Романската федерација демантираше дека има оставка и најави прес конференција за утре.
Вечерва, со нови моменти излгоа романските медиуми, а тоа е дека утре ќе биде официјализирана разделбата со Пасквал како селектор. Тој си останува да биде тренер на Динамо Букурешт.
Нов селектор на Романија би требало да биде Георге Буричеа. Неговиот рејтинг бележи голем раст затоа што како тренер на Констанца успеа да направи респектабилен тим кој може да се носи со Динамо, а има на располагање и помалку пари и играчи што не се звучни како тие од престолнината.
Ако не знаевте: Ова е втор мандат на Чави Пасквал како селектор на Романија. Прв пат беше назначен во 2016, а во 2018 беше заменет веднаш по елиминацијата од Македонија во баражот за пласман на СП Германија.
Поврзани вести