Трансфери: Тото, Габер, Козина, Тофт Хансен...

Поранешниот ракометар на Вардар, Жереми Тото заминува од Нант и следната сезона ќе игра во ПИК Сегед. Во спротивен правец од Сегед во Нант се сели словенечкиот пивот Матеј Габер

Двајца познати пикери од овие простори, Крешимир Козина и Вид Потеко на лето ќе заминат од екипата на Гепинген. На нивното место доаѓаат скандинавски линиски играчи - Данецот Виктор Клове и Швеѓанецот Лудвиг Јурмала. 

Никола Ивановиќ, српскиот бек кој во 2018 дојде во Е. Пелистер, а потоа по кавгата со тренерот (Чирковиќ) си замина од клубот е нов ракометар на полскиот клуб Горњик. 

Леандро Самедо, најпознатиот ракометар од Капе Верде (Р. Зелен Рт) заминува од португалската Мадеира и во продолжение на сезоната ќе игра во Кувајт, во екипата на Буркан Клуб.

Бразилскиот плејмејкер Леонардо Абрахао заминува од екипата на Брага од Португалија и ќе го засили тимот на Ал Мадар.

Данскиот пивот Рене Тофт Хансен го продолжи договорот со екипата на Бјерингбро Силкеборг до јуни 2025 година. 

Потврден е трансферот на унгарскиот репрезентативен десен бек Доминик Мате од ПСЖ во полскиот шампион Келце. 

Шпанско-рускиот ракометар Александар Тјуменцев го продолжи договорот со екипата на Синфин. Овој клуб дополнително се засили со Бразилецот Лучиано Коста да Силва кој доаѓа од С. Арабија од екипата на Ал Хада. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk