Французинот на Металург заврши во Белгија

Го паметите ли сѐ уште Абдула Мане? Третиот француски ракометар кој дојде во редовите на Металург по браќата Кевин и Оливие Њокас во 2021 година? 
Мане кој во Скопје дојде од редовите на Дижон, за разлика од Њокаси и играше во Металург сезоната, а потоа си замина и кариерата ја продолжи во Романија во екипата на Бузау. 
Во продолжението на сезоната, Абдула Мане кој сега има полни 27 години, ќе ги брани боите на белгискиот клуб Бохолт. 
Болегијците мораа брзо да реагираат откако им се повреди левиот бек, па трансферот на Мане се реализира без премногу договарање и размислување. Во секој случај, Мане ги импресионирал на тренинзите, па ако остане така, отсега се планира и продолжување на договорот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk