-
30.01.2024
-
Вести, Трансфери
Најголемата легенда на швајцарскиот ракомет, Анди Шмит објави дека ја завршува ракометната кариера. Дуелот со Македонија на Европското првенсто во Берлин, меч на кој Шмит постигна 12 гола и стана најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Швајцарија беше последниот во кариерата.
Не само репрезентативната, Шмит нема да ја доигра сезоната ниту во својот клуб Криенс Луцерн. Тој има договор со клубот до јуни, но и клаузула што би го ослоодила по ЕП 2024 и таа клаузула реши да ја искористи.
„По емотивниот последен меч со репрезентацијата во Германија, одлучив, заедно со одговорните луѓе од екипата на Криенс Луцер да ја прекинам кариерата и тоа веднаш. Ми беше чест што бев дел од репрезентацијата на ЕХФ Еуро, а привилегија за мене како топ спортист да одлучам за завршам по свој избор, а не поради повреда. Последните неколку години оставија трага, моето тело сега ја плаќа сметката за долгата кариера во форма на помали повреди“, изјави Анди Шмит.
Анди Шмит од јуни би требало да ја преземе селекторската позиција во Швајцарија. Претходно во мај, оваа репрезентација, во баражот за пласман на СП 2025 ќе игра против селекцијата на Словенија.
Поврзани вести