Кадетен најде замена за Кањељас?

Договорот меѓу Кадетен Шафхаузен и Џуан Кањељас, шпанскиот бек кој стана европски шампион со Вардар, истекува во јуни. Дали ќе биде продолжен или не, не се знае, но швајцарскиот тим и шпанските медиуми објавија дека нов шпански централен бек доаѓа во Кадетен во јуни.
Тоа е централниот бек и капитен на екипата на Адемар Леон, Хуан Кастро. 
Адемар Леон, пак, минува низ лош економски период и заминувањето на Кастро можеби нема да биде единственото доколку не пристигнат очекуваните пари од јавниот сектор.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk