Бенфика продаде уште еден играч

Екипата на Бенфика во зимскиот преоден рок се ослободи и од трет играч од бековската позиција. Откако Петар Ѓорѓиќ потпиша за Војводина, а младинскиот ракометар лев бек Густаво Оливеира беше позајмен на Акваш Санташ, од екипата заминува и израелскиот плејмејкер Јоав Лумбросо.

Овој само 172 сантиметри висок плејмејкер кариерата ја продолжува во Германија, во екипата на Ајзенах. 
Интересно, за екипата на Ајзенах на централната бековска позиција настапува Мануел Зендер, Швајцарецот кој е и најдобар стрелец во Бундеслигата во досегашниот дел од сезоната, па доаѓањето на Лумбросо можеби можеме да го видиме и како можно заминување на Зендер во друга побогата и поамбициозна екипа.
Во секој случај тоа многу брзо ќе се знае, а заминувањето на три деснораки бекови од Бенфика можеби ќе донесат повеќе минути на терен и за македонскиот репрезентативец Филип Талески. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk