-
29.01.2024
-
Вести, Актуелно, Трансфери
Репрезентацијата на Романија по 28 години се врати на Европско првенство и веднаш го почувствува шармот на системот по кој се игра ЕП и со поразите од Хрватска, Австрија и Шпанија, по три кола се врати дома и го зазема 22 од 24 места.
Ќе им треба време да се прилагодат, паузата навистина им беше долга, но селекторот нема многу време за чекање.
Романскиот „Фанатик“ објави дека Хавиер Чави Пасквал кој по втор пат е селектор на Романија, поднел оставка. Оставка поднел и генералниот секретар на федерацијата.
Фанатик го контактирал Пасквал, но овој не потврдил, но не ни демантирал дека поднел оставка. Само најавил дека неделава ќе има состанок со се понепопуларниот претседател Константин Дин.
Веста се рашири низ Романија, па мораше да гаси пожар и самиот Константин Дин. Тој изјавил дека генералниот навистина се повлекува, но и нема оставка од Пасквал, а во среда ќе има прес конференција на која ќе биде се кажано.
Два дена има Дин да го разубеди Пасквал, а причините за кои Романците велат дека се позади одлуката за негова оставка е неперспективноста, односно дека Пасквал си го расипува своето резиме со оваа селекторска позиција.
Друга причина која може да е генератор за поголеми промени е што романската федерација остана без очекувани 1.3 милиони евра финансика помош од Националната спортска агенција. Толку пари добиле лани, годинава нема да земат ниту едно евро.
Среда е денот кога и Романците ќе дознаат дали сѐ уште имаат селектор или ќе мораат да бараат нов. „Опзицијата“ на Пасквал, веќе нуди свои кандидати за селектор. Тоа што во меѓувреме дознаа дека противник за бараж ќе им биде Чешка, никако не оди во прилог на останување на Пасквал на клупата. Особено ако сака да го задржи своето резиме (CV) на повисокото ниво.
Поврзани вести