Нилсен ќе ја промашеше кралицата на Данска

Доделувањето на медалите имаше уште поголема доза на свеченост затоа што долу на теренот со репрезентативците на Данска се поздравуваше и кралицата на Данска. 
Но, разочарани од поразот во финалето, на данските ракометари не им беше дојдено со свечености. 

Прво Матијас Гидсел се жалеше дека е одвратно што морал да ја прими наградата за најдобар стрелец само пет минути по поразот во финалето. 
Одвратно беше, немав време да се подготвам за да излезам пред 20.000 гледачи и милиони пред ТВ“, изјави Гидсел.
Потоа Микел Хансен во познат манир на лош губитник не го ни стави на врат сребрениот медал. 

Триото го заокружи голманот Емил Нилсен. Тој, пак, за малку ќе ја промашеше кралицата на Данска. Додека минуваше едвај пружи рака кон неа. Сепак, во последен момен, додека ја одминуваше сфати кој стои пред него, па некако успеа да се извади ладниот гест.

„Да бидам искрен во прв момент не ни приметив кој стои пред мене. Дури откако одминав сфатив“, ијзави Нилсен потоа за медиумите. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk