Кои се најдобрите стрелци на ЕП 2024?

Португалскиот ас Мартим Кошта и данската ѕвезда Матијас Гидсел ја поделија наградата за најдобар стрелец на Европското првенство во Германија. Двајцата постигнаа по 54 гола, но првото место на табелата му го оставаме на Мартим Кошта затоа што тој 54 гола постигна на седум натпревари, додека Гидсел има натпревар помалку. И двајцата не се пеналџии во екипите. 

Мартим Кошта, момчето кое светската премиера ја имаше во Скопје на Кадетското светско првенство 2019 година има астрономски подем и со само 21 година стана еден од најмладите Топ стрелци на ЕХФ Еуро воопшто.
Тој предводи листа на играчи со импресивни имиња - Гидсел, Мем, Клар, Билик... Во Топ 10 има и еден анонимен играч, тоа левото крило на Холандија, Ругер тен Велде кој долго време беше на второто место. Крилото на германскиот Либек, на оваа листа се најде пред сѐ како вешт пеналџија, па повеќе од пола (26 гола му се од седмерец). 


ТОП 10 СТРЕЛЦИ
1. Мартим Кошта - Португалија - 54 гола
2. Матијас Гидсел - Данска - 54 гола
3. Јури Кнор - Германија - 50 гола
4. Дика Мем - Франција - 49 гола
5. Ругер тен Велде - Холандија - 45 гола
6. Алекс Влах - Словенија - 44 гола
7. Никола Билик - Австрија - 41 гол
8. Нилс Верстејнен - Холандија - 39 гола
9. Фелик Клар - Шведска - 38 гола
10. Александре Блонз - Норвешка - 37 гола

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk