ДАНСКА - ФРАНЦИЈА 31-33 (27-27, 14-14)
Уште едно антологиско финале одиграа репрезентациите на Данска и Франција, вечерва во Ланксес Арена во Келн, на 16 Европско првенство. Финале кое е голема реклама за ракометниот спорт, во кое видовме многу што од понудата на ракометот.
Франција имаше подобра одбрана и игра во првиот дел, но Данска имаше подобар голман. За споредба, Емил Нилсен имаше осум одбрани, Беласен ниту една, а Данска водеше само 9-7 во првиот дел. Одбраната на Франција ги лансираше и во нападот, па стигна израмнување. Потоа водеа и Франција и Данска, за првиот дел да заврши нерешено (14-14)
Данска го контролираше резултатот во вториот дел. Франција бркаше гол-два негатива и тоа во ситуација кога Дика Мем немаше ниту еден гол, а речиси цел меч беше на терен што кажува и за дефанзивната тактика на Данците.
Во финишот, Франција за момент израми, Нилсен беше заменет со Ландин и тој за малку ќе и донесеше и шампионски пехар. Данска веднаш премина на седум на шест, имаше водство во последната минута, прокоцка напад, па Франција израмни и изнуди продолженија.
Првото продолжение заврши нерешено, а потоа, во 65 минута со два гола по ред, неговите први два гола блесна Дика Мем и Франција имаше плус два. Битката траеше со последните секуди, а клучен гол постигна новиот херој на Франција, Елохим Пранди.
На крајот 33-31 и шампионски пехар за Франција.
Поврзани вести