ГЕРМАНИЈА - ШВЕДСКА 31-34 (12-18)
Усчинс 8, Гола 4 - Клар 8, Карлсон 7
Шведска го освои третото место и бронзениот медал со победа од 34-31 над домашната репрезентација на Германија. Со оваа победа освен бронзата, Шведска заработи и директно место на Олимписките игри во Париз, додека Германија ќе мора во март да игра квалификации.
Ѕвезда на вечерта беше Андреас Палицка. Голманот на ПСЖ, мечот го заврши со 19 одбрани, иако не беше целиот натпревар на голот.
Палицка почна одлично, Шведска во првото полувреме ја мелеше Германија и уште во раната фаза имаше плус седум (14-7), а потоа разликата ја одржа до крајот на полувреме (18-12). Друг играч кој мораме да го споменеме е Феликс Клар, вонсерискиот бек ги излуде и Французите во полуфиналето и вечерва Германците.
Германија кам-бекот го почна откако во ритам влезе 21 годишниот десен бек Рејнарс Усчинс. Младиот бек ја играше партијата на животот како сениор, постигна осум гола, а Шведска на нешто помалку од десет минути беше само на гол заостаток.
И тогаш на голот се врати Палицка и сликата комплетно се смени. Шутевите на сѐ или ништо од Германците, станаа - ништо, односно статистика на Палицка.
Волф им даде уште две шанси на своите играчи во нападот откако фати пар зицери, но не искористија домашните и на Олимписките игри ќе патува Шведска.
Поврзани вести