ЕП 2024: Денеска е ден за големото финале

Европското првенство, најгледаното досега и едно од најизрамнетите со многу натпревари на кои видовме резултатска неизвеснот, подеми и падови на репрезентации денеска дојде до својата последна станица.

Ланксес Арена, ракометната катедрала во Келн ќе биде сведок на уште еден финален ден, поделба на медали и потоа секој же замина по својот пат. Магијата од репрезентативната ќе се врати на клупската сцена со сите предност и маани. 

Денеска во 15:00 часот, почнува битката за бронзен медал и уште едно директно место на Олимписките игри во Париз, а актери ќе бидат репрезентациите на Шведска и на Германија. Имаа доволно време да се вратат по поразите во полуфиналето и да се наштелуваат за денешниот натпревар. 

Во 17:45 часот, стартува големото финале во кое ќе ги видиме двете најдобри европски селекции во моментов, тимовите на Данска и на Франција. 
Данска старува со улога на (мини) фаворит, имаат на прв поглед покомпактен тим, нивниот систем на игра изгледа постабилен со помалку осцилации. Тим во кој Микел Хансен игра епизодна улога, а ѕвездите од тип Расмус Лауге и Мадс Менса Ларсен речиси и да не играат. 

Веројатно погрешно е дури и таков тим да се чувствува и однесува како фаворит во однос на екипа во која играат Дика Мем, Недим Ремили и Елохим Пранди, а клупата ја чуваат ракометари како Тимоти Нгесан, Дилан Наи, Николас Турна... Никола Карабатиќ е ѕвездата на вечерта, денеска го игра последниот меч на ЕП во кариерата. 
Единствената вистинска предност на хартија за Данска се голманите Никлас Ландин и Емил Нилсен во однос на Самир Беласен и Реми Дебоне. Но, пред голманите стои дефанзивна зона, а француската кога игра како што треба е број еден во светот. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk