Митревски: Да го продолжиме континуитетот

Капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, вели дека Фарски острови се екипа што не беше во рангот на посакуваните противници. Но, нашата цел е да продолжиме да настапуваме без прекин на големите натпреварувања. 

"Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме.
Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи.  Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања", изјави Митревски

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk