Лазаров: Неатрактивен, а квалитетен противник

Македонија го доби противникот за баражот за СП, а тоа е репрезентацијата на Фарски Острови. Ова не е лоша ждрепка со оглед на тоа дека во конкуренција беа Србија и Швајцарија, но е веднаш за нив во редот на екипи што не ги посакувавме, како Романија на пример. 

„Добивме противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари.
Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025“, изјави селекторот на македонската репрзентацијата Кирил Лазаров. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk