ЖДРЕПКА ЗА СП 2025: Македонија против Фарски Острови

Репрезентацијата на Македонија го доби противникот за бараж натпреварот за СП 2025 година. Македонската репрезентација во мај (8-12) ќе игра два меча за пласман на СП со репрезентацијата на Фарски Острови

Македонија беше во првиот шешир, заедно со уште 10 репрезентации кои беа подобропласирани од нас на Европското првенство во Германија.
Екипите од 5 место до 17 место беа сместени во првиот шешир, репрезентациите на Данска, Франција, Германија, Шведска, Хрватска и Норвешка обезбедија директен пласман на СП.

Седум репрезентации (18-24 место на ЕП) и четири репрезентации кои преку квалификации ќе изборат пласман во баражот беа во вториот шешир. 

БАРАЖ ЗА СП 2025
Ф. Острови - Македонија
Финска/Литванија - Унгарија
Белгија/Италија - Црна Гора
Грција - Холандија
Романија - Чешка
Шпанија - Србија
Полска - Словачка/Израел
Грузија - Австрија
Словенија - Швајцарија
Португалија - БиХ
Исланд - Естонија/Украина
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk