Одбиена жалбата на Шведска!

Европската ракометна федерација ја одби жалбата на Шведска за спорниот гол кој Елохим Пранди го постигна од слободен удар по истекот на времето со што средбата отиде во продолженија. 

Жалбата се однесуваше на судиите затоа што не побараа видео анализа на последниот шут и го признаа голот на Пранди.

„По внимателно разгледување на ситуацијата, Дисциплинската комисијата пресече дека одлуката е судиска. Дека e нивно право но и дека не се присилени да гледаат преку ВР технологија. Одлукатата на ЕХФ е конечна“.

Жалбата на Шведска е одбиена, а натпреварот е регистриран со постигнатиот резултат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk