Њокаси и Мвумби го промашија СП 2025

Репрезентацијата на ДР Конго за која настапуваат екс Металург/Вардар браќата Оливие и Кевин Њокас како и социјал-медиа ѕвездата Готје Мвумби не успеа да обезбеди пласман на СП 2025 што ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. 

Во клучниот меч за петтото место, ДР Конго беше поразен од репрезентацијата на Гвинеја (26-29), па така таа африканска репрезентација ќе им прави друштво на Египет, Алжир, Тунис и Капе Верде на следниот мундијал. 
ДР Конго останува да биде првата африканска замена. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk