Денеска е многу важен ден за македонскиот репрезентативен ракомет. Попладнево во Келн ќе се одржи ждрепката за бараж натпреварите за Светското првенство 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.
За Македонија тоа е нов крстопат. Квалитетот на нашиот состав не дава гаранција дека ќе се пласираме на СП, иако шансите за кои играчите одработеа на ЕП 2024 се значително зголемени со местото во вториот шешир.
Македонија е во позиција, заедно со уште неколку од нас попознати и од нас понепознати репрезентации да оди по тенката линија што ги раздвојува учесниците од тие што нема да играат на големата сцена.
Континуитетот успеавме да го задржиме, иако во 2021 реалноста не стигна за момент и бевме елиминирани. Ковид ситуацијата нѐ врати назад на мундијалот, а потоа успеавме користејќи ги последните ресурси од старата генерација (Миркуловски, Лазаров, Стоилов) направивме подвиг со елиминацијата на Романија и на Чешка и да останеме дел од редовните учесници.
Сега на прв поглед ситуација е подобра, затоа победата над Швајцарија во Берлин ни го донесе првиот шешир. Противниците во вториот се далеку полесни, но и таму има репрезентации со кои најдобро би било да се избегнеме. Тука во прв ред мислиме на Србија и Швајцарија.
Екипи од вториот ред што сакаме да ги избегнеме се Романија и Фарски Острови, потоа се Израел и Грузија, додека за сите други не би смееле да се пожалиме.
Генерално за добра ждрепка ќе ја сметаме секоја во која не се Србија, Швајцарија и Романија.
Прес конференцијата во чиј склоп ќе биде извлекувањето ќе почне во 14:00 часот, а ќе може да се следи и во живо со клик на следниов линк
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА И ЖДРЕПКА ЗА БАРАЖ ЗА СП 2025
ЖДРЕПКА ЗА БАРАЖ ЗА СП 2025
1 ШЕШИР
Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија
2 ШЕШИР
Грузија, Србија, Ф. Острови, Швајцарија, Романија, Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Словачка/Израел, Финска/Литванија