Шведска официјално приложи жалба

Ракометната федерација на Шведска прилолжи официјален протест, жалба за голот што по истекот на времето го постигна Елохим Пранди. Со тој погодок, репрезентацијата на Франција се избори за продолженија, а подоцна и го доби натпреварот и се пласираше во финалето.
Но, Швеѓаните и дел од скандинавските стручњаци тврдат дека тој гол не е регуларен и дека стапалото на Пранди не било на земја во моментот кога ја исфрлил топката и спорт тоа голот не смеело да биде признат. Уште повеќе се лутат затоа што немало видео проверка на ситуацијата. 

„Приложивме жалба и ќе видиме сега што ќе се случи. Не знаеме каде ќе нѐ одведе ова. Очекуваме да имаме одговор до утре на пладне“, изјави менаџерот на репрезентацијата на Шведска, Хана Фогелсторм за шведскиот весник Афтонбладет. 

фото: ВГ

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk