Херои и трагичари: Франција ќе игра за злато

ФРАНЦИЈА - ШВЕДСКА пп.34-30 (27-27, 16-10)
Деска 8, Мем 6, Ремили 5 - Клар 9, Ване 5, Дарј 5


Олимпискиот шампион Франција ќе игра во финалето на Европското првенство. Вечерва во драматично финале Франција по продолженија го елиминираше европскиот првак Шведска. 

Шведска наметна брз ритам и подобро отвори (3-1) со три одбрани на Палицка, а Франција го прифати ритамот и предводена од Самир Беласен (францускиот Џамбо Милиќ) влезе во многу подобар ритам. Првиот трагичар во редовите на Шведска беше Албин Лагегрин кој промаши четири шута во многу краток период. Додека селекторот Глен Солберг сфати дека ја утнал стартната постава и ги испрати на терен Феликс Клар и Лукас Сандел, Франција јуришаше, сѐ и одеше од рака и поведе со 9-4. 

Потоа се направи баланс во играта во која Франција доаѓаше со плус шест или седум, а Шведска успеваше да намали на минус четири. Одвреме навреме, кога на Шведска немаше да оди, Феликс Клар вадеше од ракав некои опасен шут и ги одржуваше во игра со што се промовираше во херој. 
Така беше до полувремето кое заврши со резултат 16-10.

Ако Солберг ја утна стартната постава во првиот, Гијом Жил го стори тоа во вториот дел. Почна без Дика Мем, можеби и Карабтиќ беше предолго во игра, а Шведска почна да игра фанатично во два правца. Го снема Беласен, Франција 
Клар погодуваше, а Палицка бранеше во голем стил, бранејќи притоа и три седмерци со што го претвори Иго Деска во еден од трагичарите иако овој високо котира на листата на стрелци.
Во 50 минута беше нерешено, две минути подоцна Шведска поведе. 

Во финишот Шведска водеше 27-26 имаше посед на топка на 15-тина секунди до крајот. Нов трагичар на сцената беше двократниот МВП. Јим Готфридсон лошо ја водеше топката во обид да го реши мечот, направи чекори им беше одземена.
Франција очајнички се обиде да нападне и беше спречена на 12-13 метри од голот. Времето истече, резултат 27-26, остана само слободен удар. 

Во следниот момент го видовме најубавиот гол на првенството, дело на Елохим Пранди кој испрати проектил покрај ѕидот каков што ретко се гледа и заврши во под пречката на Палицка. 

Следеа продолженија во кои херој стана Дилан Наи со три гола по ред со што и донесе предност на Франција од три гола. Шведска веќе не можеше да следи. Емотивно испразнета шведската селекција немаше сила за нов кам бек, голот на Пранди едноставно ги уништи. 
Играч на натпреварот е Андреас Палицка, јунак на Франција - Елоим Пранди. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk