Нов бараж, нов крстопат за Македонија

Дури сега, една недела откако македонските репрезентативци се вратија дома, а во меѓувреме се комплетираа двата шешира за квалификацискиот бараж за СП, можеме да видиме колку е значајна и голема победата на Македнија над Швајцарија на ЕП 2024. 
Илузорно беше да очекуваме дека ќе елиминираме некој од актуелните полуфиналисти, нишаните беа кон Швајцарија, но оваа репрезентација реално беше фаворит.
Не само тоа, Швајцарија и натаму останува фаворит и покрај поразот на ЕП, затоа што и натаму нивниот тим на хартија има поголема вредност од македонскиот и искрено не сакаме одново со нив да си имаме работа во баражот.
 
Покрај Швајцарија, уште една репрезентација не го исполни очекуваното во Прелиминарниот дел од Европското првенство и стана најголемата мина во вториот шешир, а тоа е тимот на Србија. Ако ги избегнеме овие две репрезентации во баражот, тогаш нашите шанси за пласман на СП значително се зголемуваат, иако има уште потенцијално лошо противници како Романија на пример, а нема да ги потценуваме ниту Фарски острови или пак Израел. 

Ждрепката за баражот за СП ќе се одржи во Келн, утре со почеток од 14:00 часот. Победниците од 11 парови што ќе бидат склопени утре ќе играат на Светското првенство во 2025 година што заеднички ќе го организираат Хрватска, Данска и Норвешка. 

ЖДРЕПКА ЗА БАРАЖ ЗА СП 2025
1 ШЕШИР
Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија
2 ШЕШИР
Грузија, Србија, Ф. Острови, Швајцарија, Романија, Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Словачка/Израел, Финска/Литванија

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk