-
26.01.2024
-
Вести, Планета ракомет
Репрезентацијата на Катар на својот прв настап по смената на селекторот Валеро Ривера, освои златен медал и е нов азиски шампион. Во финалето на континенталниот шампионат што се одржа во Бахреин, репрезентацијата на Катар ја совлада Јапонија (30-26).
Ѕвезда на вечерта беше подзаборвениот екс играч на Металург, Жарко Марковиќ со седум гола од девет обиди, а клуќен период на мечот, првите 15 минути во кои од 0-2, со серија од 7-0, Катарците дојдоа до пет гола предност и потоа не ја испуштија до крајот.
Во тимот на Јапонија не настапија македонските Јапонци. Мацуока по само еден меч во Бахреин се врати во Охрид, а Косуке Јашихура од Вардар, заработи повреда на мечот со Иран и прашање е кога повторно ќе го видиме на терен.
Во мечот за трето место, Бахреин беше подобар од екипата на Кувајт. Репрезентациите на Катар, Јапонија, Бахреин и Кувајт обезбедија место на следното Светско првенство што ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.