Полуфинале за Начевски и Николов на ЕП

Македонскиот судиски пар Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат полуфиналниот натпревар меѓу актуелниот Европски првак Шведска и актуелниот олимписки шампион Франција. 
Македонскиот судиски пар доаѓа како некаква гаранција за европскиот шампион дека ќе има квалитетно судење откако беа оштетени на натпреварот со Данска, па сега на нивните натпревари „не смее“ вторпат да се погреши. 

Полуфиналето меѓу Франција и Шведска ќе се игра денеска со почеток од 17:45 часот. 

Номинацијата за полуфинале, извесно значи дека нема да ги видиме на терен нашите судии во битката за медал. Најважниот дуел на ова првенство ќе го суди судиска двојка од Шпанија, Марин и Гарсија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk