Уапсени пет играчи, нападнаа судија!

Пет ракометари на репрезентацијата на Бахреин, домаќинот на Азискиот шампионат биле приведени по натпреварот со Јапонија од полуфиналето на Азискиот шампионат.
Петмината се веќе суспендирани од Азиската федерација и најверојатно нема да имаат право да настапат во Квалификациите за Олимписките игри. Меѓу нив и капитенот на тимот, голманот Мохамед Абдел Хусеин.

Инцидентот настана по завршувањето на мечот, полуфиналето кое Бахреин го загуби од Јапонија (17-20). Додека на едната страна на теренот се радуваа Јапонците, на другата неколку ракометари го опколија судијата од Кувајт и ситуацијата полека бегаше од контрола. 
Се вмешаа повеќе луѓе па навидум се смири состојбата, иако имаше обид да биде нападнат и еден ракометар на Јапонија. За среќа остана на обид. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk