Екипата на Охрид веќе состави тим со кој на хартија е меѓу трите најсилни во Суперлигата, а денеска се пофали и со продолжување на соработката со уште пет играчи.
- Капитенот Иван Тасески го продолжи договорот со клубот до 2026 година.
- Најголемиот талент и иднина на охридскиот ракомет, Никола Шипинкоски, го продолжи договорот со ГРК до 2026 година.
- Гал Цирар, најдобриот стрелец на ГРК Охрид, го продолжи договорот до 2026 година.
- МВП пивотот од претходната сезона, Владимир Бојаниќ, го продолжи договорот до 2026 година.
- Столбот на одбраната, Милорад Кукоски, го продолжи договорот до 2025 година.