Мадрид ќе го руши рекордот на Дизелдорф?

Несомнено, хајлајт на целото Европско првенство што се одржува во Германија ќе биде светскиот рекорд во гледаност во живо на ракометен натпревар. Македонија и Франција, односно Германија и Швајцарија се сопственици на тој рекорд кој изнесува 53.586 гледачи и се очекува да трае уште долго. 

Но, можеби нема долго да стоиме на листата на рекордери, затоа што зад кулисите се подготвува напад на овој рекорд и тоа за само четири години.
Во 2028 година, ЕП заеднички ќе го организираат Шпанија и Португалија, а финалето би можело да се игра во Мадрид и тоа на стадионот на Реал Мадрид, Сантијаго Бернабеу. 
Овој фудбалски храм е реновиран, потрошени се 400 милиони евра за три години за да се добие новиот објект кој меѓудругото има подвижен покрив и може да се претвори во сала. 
И не само тоа, туку постои можноста паралелно да се играат два настани во сала (фото). 



Михаел Видерер потврди дека се разговара со оранизаторите за оваа можност. Капацитетот на Бернабеу сега е 81.000 и ако Шпанците успеат да го наполнат за ракомет, тогаш новиот рекорд навистина ќе биде тешко достижен. 
Најголемиот проблем, според нас, е што Шпанците многу не се запалени за ракомет. Особено Мадрид кој не ни има ракометен клуб, а обидот Атлетико да ја разбуди заинтересираноста за овој спорт знаеме како заврши. 
Шпанија и како организатор на СП и други клупски натпреварувања не се прославила со ентузијазмот и професионализмот и трчање по секоја цена да се исполнат критериумите на ЕХФ. А за ваков настан ќе треба многу луѓе и многу логистика. 
Оттука и не веруваме дека Шпанија ќе влезе со толкав ентузијазам да руши рекорди, но... никогаш не вели никогаш. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk