Брестовац ја презема Ал Сафа

Македонскиот тренер Данило Брестовац во продолжението на сезоната ќе ја води екипата на Ал Сафа од Саудиска Арабија. 
Веќе информиравме дека неговиот селекторски договор со Обединетите Арапски Емирати е откупен од клуб од С. Арабија.
Сега е официјализирано, а тоа е клубот Ал Сафа, каде што неодамна, како претходница на овој трансфер пристигна и друг тренер од Македонија, а тоа е Алексо Лембанов.

Ал Сафа е еден од најсериозните проекти на Блискиот исток во моментов. До неодамна нивни ракометар беше португалската ѕвезда Андре Гомеш, но откако го испратија него во екипата пристигна Иман Џамали, поранешниот ракометар на Веспрем, Кристијанштад... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk