Исланд ја расплака Австрија

Исланд ја совлада Австрија (26-24) и ги уништи нејзините соништа за полуфинале. Немаа веќе сила Австријците, кратката ротација си го направи своето, а Исланд и покрај безброј грешки што направи во текот на мечот, во финишот беше пофокусиран. 
Исланд доминираше во првиот дел што го доби со 14-8, но на почетокот на вториот дел Австрија играше феноменално, голмано Константин Местл бранеше и бранеше и успеа да направи серија од 7-0 со која премина во водство.
Но, откако поведоа Австријците падна адреналинот и почнаа да се зголемуваат грешките. Исланд се врати во водство, а потоа и релативно мирно стигна до победата која за нив ќе има значење доколку Унгарија освои барем бод со Франција. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk