Миркуловски добива засилување од РНЛ

Екипата на Вецлар, бундеслигашкиот тим во која настапуваа неколку македонски репрезентативци, добива добро засилување од екипата на Рајн Некар Ловен.
Филип Миркуловски во моментов асистент на тренерот во својот тим ќе го види Филип Ахуансу. Овој 203 см висок лев бек настапуваше како позјамен играч во екипата на Минден, а сезонава се врати во РНЛ. Следната дестинација би можела да му биде Вецлар. Договор сѐ уште не е потпишан, Вецлар засега ја држи отворена таа позиција, но наскоро ќе мора да пресече. 
Филип Ахуансу настапи на Светското кадетско првенство во 2019 година во Македонија заедно со низа актуелни ѕвезди како Јулијан Костер, Симон Питлик, Хаукур Трастрасон, Мартим Кошта, Карим Хендави...

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk